Германски Билд објави сведоштво на 34 годишната Фатима Заунбрехер, која тврди дека има дете со Мајкл Олисе, но ѕвездата на Баерн Минхен не сака да има контакт со ќерката и не плаќа алиментација.
Мајкл Олисе имаше одлична сезона во дресот на Баерн Минхен, прикажа извонредни партии и на мундијалот во САД, па изминатиов период често беше дел од трансфер шпекулациите, се говори дека Флорентино Перез и Реал Мадрид сериозно загризале за неговиот потпис.
Но тој сега се најде во фокусот поради работи кои не се поврзани со фудбалот, Билд откри скандал од приватниот живот на Французинот.
Весникот објави сведоштво на 34 годишната Фатима Заунбрехер, која тврди дека има дете со репрезентативецот на „триколорите“.
Според нејзината верзија, двајцата се запознале пред четири години (кога Мајкл Олисе играше во Кристал Палас) и биле во врска отколку две години, а по раскинувањето дознала дека е бремена. Наводно, направен е тест за татковство во Минхен, по кој Мајкл Олисе признал дека детето е негово.
Сепак, Фатима обвинува дека фудбалерот не сака да има контакт со 20 месечната ќерка и не плаќа алиментација, комуникацијата се одвива исклучиво преку адвокати.
Но од таборот на Мајкл Олисе целосно ја оспорува таквата слика. Според нив, фудбалерот никогаш не одбил да плаќа алиментација, уште од почетокот понудил финансиска помош и останува подготвен спорот да се реши со договор. Дополнително, тврдат дека мајката безуспешно барала алиментација од 60.000 евра месечно пред француските судови, а Олисе дури понудил и сума повисока од максимално предвидената според германските закони.