Винисиус направил операција на лицето, погледнете како изгледа сега (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор (26), според медиумските извештаи, по Светското клупско првенство се подложил на естетска интервенција на лицето.

Во Бразил направил корекција на линијата на брадата, а на социјалните мрежи веќе се појавија првите фотографии и видеа од неговиот нов изглед. Станува збор за таканаречена „хармонизација на лицето“, естетска процедура со која ѕвездата на Реал Мадрид решил да ја обликува вилицата и да постигне поизразени црти на лицето.

Неговиот нов изглед за кратко време стана тема на социјалните мрежи и предизвика поделени реакции. Додека едни ја поддржуваат неговата одлука и сметаат дека изгледа подобро, други оценуваат дека интервенцијата била непотребна и дека фудбалерот го нарушил својот природен изглед.

Едно од првите видеа што се појавија го прикажува Винисиус како му потпишува дрес на Реал Мадрид на еден навивач, при што јасно се забележуваат промените на неговото лице.

„Хармонизацијата на лицето“ е термин во естетската медицина што опфаќа неинвазивни и хируршки процедури со цел да се постигне подобра рамнотежа, симетрија и склад на цртите на лицето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×