Лука Модриќ според последните најави ќе остане во Милан со нова едногодишна соработка.
Според информациите, „росонерите“ се во завршна фаза од продолжувањето на договорот со искусниот играч за врска, кој треба да потпише нова соработка до 30 јуни 2027 година.
Модриќ пристигна во Милан минатото лето, а во својата прва сезона одигра 34 натпревари, постигна два гола и запиша три асистенции. И покрај тоа што веќе ја гази петтата деценија од животот, хрватскиот ветеран уште еднаш покажа дека е играч од највисока класа, поради што клубот реши да му понуди продолжување на договорот.
Пред трансферот во Милан, Модриќ помина 13 години во Реал Мадрид, каде што стана најтрофејниот фудбалер во историјата на „кралскиот клуб“.
Неговото доаѓање во Италија беше пречекано со голема еуфорија, а навивачите на Милан и италијанската фудбалска јавност со воодушевување ги следат неговите настапи уште од првите натпревари на стадионот „Сан Сиро“.