83
Раководството на Вардар го одврза ќесето, одвои богата награда за играчите ако ја минат Рига и се пласираат во третото квалификациско коло од Конференциската лига.
Вардарци ќе поделат 100.000 евра ако бидат подобри од Рига во престојниот двомеч.
Вардар првиот натпревар против Рига го игра утре (среда) со почеток од 20 часот на Градски во Скопје. Реваншот е на 28 јули во Летонија.
Директен пренос од утрешниот натпревар ќе може да следите на Арена Македонија.