По рекордната зделка, Астон Вила купува двајца играчи на Челси?!

by bojan
1 минути читање

Челси се сложи да плати рекордни 117 милиони фунти за ангажман на Морган Роџерс, но поголем дел од оваа сума може веднаш да се врати во касата, Астон Вила опипува терен за ангажман на Николас Џексон и Алехандро Гарначо.

„Сините“ минатата недела го договорија најскапиот трансфер во својата историја, си подадоа рака со Астон Вила за ангажман на Морган Роџерс во зделка вредна околу 117 милиони фунти.

Офанзивниот фудбалер од средниот ред денеска пристигна на лекарски прегледи и се очекува во скоро време да биде финализиран трансферот.

Но лесно може да се случи Челси за брзо време да си поврати поголем дел од оваа сума, Астон Вила сака да пазари на „Стемфорд Бриџ“.

За време на преговорите за трансфер на Морган Роџерс, клубот од Вила Парк опипал терен за ангажман на Николас Џексон и Алехандро Гарначо.

Двајцата фудбалери се во втор план во Лондон, и можат да заминат доколку пристигне примамлив предлог.

Се шпекулира дека и Сенегалецот и Аргентинецот се отворени за идејата да се преселат во Астон Вила, па сега останува само актуелниот освојувач на Лига Европа да пронајде дил со Челси за висината на обесштетувањето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×