375
Светското првенство ќе ги наполни касите на Фудбалските федерации на земјите кои учествуваа.
Денеска завршува Светското првенство со финалниот натпревар меѓу Аргентина и Шпанија. Една од нефудбалските теми на Мундијалот е заработката.
Победникот на Светското првенство ќе добие 50 милиони долари, додека вториот тим 33 милиони долари.
Англија како третопласирана ќе инкасира 29 милиони долари, а Франција два милиони долари помалку.
Четвртфиналистите ќе добијат 19 милиони долари, а оние кои стигнаа до осминафиналето ќе добијат 15 милиони долари. Тие кои играа во 1/16 финалето си одат дома со 11 милиони долари.
Елиминираните во групната фаза ќе бидат побогати за 9 милиони долари.