Борбата за третото место можеби не е многу значајна, но донесе вистинско гол шоу, Англија ја победи Франција со фантастични 6-4.
Тоа беше најефикасниот натпревар на Светските првенства во 21. век, односно петтиот со најмногу погодоци на Мундијалите на сите времиња.
Англија беше неверојатна во првото полувреме, Французите ги преспаа тие први 45 минути.
Во нив Англија даде четири голови, Сака стрелаше двапати, по еднаш погодија Рајс и Конса.
Дешан на полувремето направи четири замени и работите се променија.
Два гола даде Мбапе, еден Баркола, Франција намали на 3-4 и комплетно се врати во игра.
Во 87. минута Сака погоди од пенал, комплетираше хет-трик и донесе водство на Англија од 5-3.
Тоа не беше се, во 96. минута Дембеле погоди за 4-5, а две минути подоцна Белингам даде гол за конечна победа на Англија од 6-4.
Англичаните го освоија третото место и тоа за нив е вториот најдобар резултат на Мундијалите.