Тухел доби необичен критичар по поразот во полуфиналет – претседателот Трамп!

by Стефан
1 минути читање

По елиминацијата од Аргентина, селекторот на Англија, Томас Тухел, доби уште еден, прилично неочекуван критичар. За тактичките одлуки во полуфиналето на Светското првенство зборуваше и претседателот на САД, Доналд Трамп, кој смета дека Хари Кејн во завршницата од натпреварот бил премногу повлечен далеку од голот на противникот.

Англија поведе со голот на Ентони Гордон, но во второто полувреме постепено се повлече. Тухел одлучи да ја промени формацијата со петмина играчи во последната линија и направи неколку измени со дефанзивен карактер. Таквиот пристап не донесе резултат, бидејќи Аргентина предводена од Лионел Меси постигна два гола во финишот и обезбеди пласман во финалето против Шпанија.

Начинот на кој Англија се обиде да ја сочува предноста предизвика реакции кај навивачите, фудбалските аналитичари и дел од играчите. Трамп посебно се осврна на улогата на капитенот Хари Кејн.

„Англија има одличен играч со кого играв голф. Тоа е Хари Кејн и тој беше фантастичен“, изјави Трамп.

„Мислам дека можеби погрешија што го направија дефанзивен играч, но што знам јас за фудбалот? Поведоа, а потоа својот најдобар играч го повлекоа во одбрана. Мора барем малку да бидете офанзивни, нели? Не сакам да судaм, бидејќи што знам јас за тренерската работа, но беше малку необично“, додаде тој.

Пред Аргентина по победата во тој натпревар сега е утрешното финале во кое ќе игра против Шпанија од 21:00 часот, додека денеска од 23:00 часот Англичаните ќе се соочат со Франција во борбата за третото место.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×