43
Македонскиот напаѓач Георг Стојановски имаше одличен почеток на новата сезона во бугарската Прва лига, постигнувајќи гол каков што не се гледа често на фудбалските терени.
Фудбалерот на Спартак Варна го отвори голгетерското конто во новиот шампионат, откако во ремито 2-2 против ЦСКА 1948 погоди од својата половина. Во 13. минута, Стојановски ја освои топката во близина на централниот круг, повлече неколку чекори , шутиршае и успеа да го изненади противничкиот голман.