Астон Вила го собори сопствениот трансфер рекорд за првото засилување ова лето!

by bojan
1 минути читање

Астон Вила попладнево го потврди трансферот на Јохан Манзамби од Фрајбург во зделка вредна преку 50 милиони фунти, или нов клупски рекорд за клубот од „Вила Парк“.

Унаи Емери го доби првото засилување за новата сезона, Астон Вила го собори сопствениот трансер рекорд за да го донесе Јохан Манзамби.

Репрезентативецот на Швајцарија минатата недела беше пред трансфер во Њукасл вреден околу 60 милиони евра (51 милион фунти), но Астон Вила во последен момент го украде.

Како што пренесуваат медиумите од Германија, Астон Вила и Фрајбург си подале рака за трансфер вреден околу 70  милиони евра сосе бонуси (59,5 милиони фунти).

Откако беа комплетирани сите формалности, Астон Вила попладнево и официјално го потврди Јохан Манзамби за нов играч.

ФОТО: X/Aston Villa

Можно е и ова да ти се допаѓа

×