Драма се случувала во домот на Јамал додека тој играл полуфинале!

by Стефан
1 минути читање

Шпанскиот весник „Ла Вангардија“ објави дека во текот на ноќта бил спречен обид за грабеж во домот на фудбалската ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал.

Според информациите, група разбојници извршила неколку обиди за кражби во истата населба во која живее младиот шпански репрезентативец, за време и непосредно по натпреварот меѓу Шпанија и Франција.

Околу четири часот наутро, безбедносните камери и сензорите за движење во домот на Јамал регистрирале две маскирани лица кои се обиделе да го прескокнат ѕидот и да влезат во дворот. Благодарение на брзата реакција на приватното обезбедување, обидот бил спречен, а осомничените избегале веднаш штом сфатиле дека се забележани.

За случајот веднаш била известена полицијата, која започнала истрага. Според првичните информации, постои сомнеж дека зад серијата обиди за провали стојат организирани криминални групи кои ги таргетираат домовите на познати личности, спортисти и богати семејства. Во дел од извештаите се наведува дека некои од овие банди потекнуваат од Балканот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×