Мајкл Олисе се најде на удар на критиките по елиминацијата на Франција од Светското првенство, откако „триколорите“ загубија од Шпанија со 2-0 во полуфиналето.
Фудбалерот на Баерн Минхен, кој претходно блескаше на турнирот со пет асистенции, не успеа да го повтори истото издание против Шпанците. Францускиот новинар Даниел Риоло смета дека јавноста прерано го ставила Олисе во друштво на најголемите легенди.
„Се занесовме. Зборувавме дека Олисе и Мбапе се најдобриот тандем што Франција некогаш го имала. Го ставивме Олисе на маса со Зидан и Платини, а тој сè уште не е ниту во кујната. Сè што направи на турнирот беше затоа што имаше време и простор. Кога беше притиснат, се виде дека класичната „десетка“ тешко опстанува во денешниот фудбал“, изјави Риоло.
Олисе не успеа да изведе ниту еден успешен дриблинг, често ја губеше топката, а селекторот Дидие Дешам го замени во 72. минута со Рајан Шерки. Франција со поразот од Шпанија остана без место во големото финале на Мундијалот.