Официјално: Хрват замени премиерлигаши во рекорден трансфер

by 24 фудбал
1 минути читање

Брајтон го официјализира трансферот на Лука Вушковиќ од Тотнем во зделка вредна до 58 милиони евра.

Англискиот клуб ќе плати 53 милиони евра веднаш, а уште пет милиони евра се предвидени преку бонуси. Хрватскиот стопер потпиша договор до летото 2031 година, додека Тотнем ќе задржи 20 проценти од евентуална идна продажба.

Вушковиќ во Тотнем пристигна од Хајдук Сплит во 2023 година, а минатата сезона ја мина на позајмица во Хамбург, каде што се наметна со одлични настапи и беше избран во идеалниот тим на Бундеслигата.

Досега има шест настапи за репрезентацијата на Хрватска, а на Светското првенство стана најмладиот хрватски фудбалер кој некогаш настапил на Мундијал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×