На Интер му пропадна уште еден трансфер: Што да правиме, така ни наредија

by bojan
1 минути читање

Директорот на Интер, Бепе Марота потврди дека Италијанскиот олимписки комитет не дал зелено светло за трансферот на Анан Калаили, десниот бек од Израел не ги помина деталните лекарски прегледи.

„Нероаѕурите“ мака мачат да најдат нов десен бек, денеска им пропадна уште еден трансфер.

Марко Палестра беше првиот избор, беше договорен трансфер од 50 милиони евра, но Челси во последен миг го украде играчот.

Интер потоа се насочи кон Анан Калаили од Унион СЖ, и по долги преговори двете страни си подадоа рака за зделка која со бонуси може да се искачи до 30 милиони евра.

Но ништо и од овој трансфер, десниот бек од Израел не ги помина строгите лекарски прегледи на Италијанскиот олимписки комитет (КОНИ).

„Го договоривме трансферот на Калаили, но тој не ги помина лекарските прегледи, пред малку бевме известени од КОНИ. Во Италија правилата се исклучително строги и клубовите немаат можност да влијаат на таквата одлука. Таа е донесена исклучиво во интерес на здравјето на фудбалерот. Без одобрение од КОНИ, играчот нема право да настапува на официјални натпревари во Италија“ – вели директорот Бепе Марота.

„Жал ни е што пропадна трансферот, вложивме многу напор во преговорите, но сега сме принудени да се насочиме кон други решенија“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×