Суперкомпјутерот со нови пресметки: Аргентина има најмалку шанси да стане светски шампион

by Стефан
1 минути читање

Суперкомпјутерот на познатата платформа за фудбалска статистика и анализа „Football Meets Data“, по завршувањето на четвртфиналните натпревари, направи нови пресметки за шансите за освојување на титулата светски шампион.

Суперкомпјутерот направил 50.000 симулации за секој натпревар, а заклучокот е дека Франција има најголеми шанси од четирите преостанати репрезентации да го освои трофејот на Мундијалот.

Французите имаат 31 отсто шанси да станат светски прваци, на второто место е Шпанија со 25 отсто, третопласирана е Англија со 23 отсто, додека актуелниот светски шампион Аргентина има 21 отсто шанси повторно да го крене трофејот.

Интересно е што првите два фаворити според компјутерската анализа воедно ќе се сретнат и во првото полуфинале. Франција и Шпанија ќе го отворат патот кон финалето на 14 јули од 21 часот во Далас, а за конкретниот дуел суперкомпјутерот им дава 55 отсто шанси на Французите за пласман во големото финале.

Ден подоцна, на 15 јули во истиот термин во Атланта ќе се одигра второто полуфинале меѓу Англија и Аргентина. Овој дуел според пресметките е уште понеизвесен, а суперкомпјутерот им дава 51 отсто шанси на Англичаните за пласман во завршниот меч.

Потсетување, поразените селекции од полуфиналните дуели ќе играат за бронзениот медал на 18 јули во Мајами од 23 часот, додека големото финале е закажано за 19 јули од 21 часот во Њу Џерси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×