Го игнорираше Халанд: Ова е контрата за која Норвежаните долго ќе жалат (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Англиската фудбалска репрезентација обезбеди пласман во полуфиналето на Светското првенство по победата над Норвешка со 2:1. Сепак, исходот на драматичниот натпревар можеше да биде сосема поинаков доколку Норвежаните подобро искористеа една контра.

Скандинавската селекција стигна до водство со фантастичниот погодок на Андреас Шјелдеруп.

Охрабрени од одличниот момент, Норвежаните набрзо имаа идеална шанса да ја зголемат предноста, откако Александер Сорлот повлече брза контра. Тој на левата страна го имаше целосно осамениот Ерлинг Халанд, но напаѓачот на Атлетико Мадрид се двоумеше и го загуби вистинскиот момент за реакција.

На крајот неговиот удар беше блокиран, иако едноставно додавање кон Халанд веројатно ќе значеше веројатно и гол.

Англичаните веднаш ја казнија грешката на противникот преку Џуд Белингем, кој донесе израмнување непосредно пред заминувањето на пауза. Во продолжението од средбата, по исцрпувачките продолженија, репрезентацијата на Англија успеа да направи пресврт и да обезбеди место во следната фаза од натпреварувањето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×