Фернандеш обвинет дека го саботирал Роналдо на СП!

by 24 фудбал
1 минути читање

Елиминацијата на Португалија од Светското првенство донесе големо разочарување, а најголем дел од гневот на навивачите се насочи кон Бруно Фернандеш.

По поразот од Шпанија со 1-0 во осминафиналето, со кој заврши и последниот мундијалски настап на Кристијано Роналдо, играчот од средниот ред се огласи со емотивна порака на социјалните мрежи.

Тажен сум, фрустриран и разочаран. Оваа група играчи ми даде причина да верувам дека можеме многу повеќе. Благодарам на сите соиграчи, стручниот штаб и на сите кои беа со нас во текот на турнирот. Голема благодарност и до сите Португалци за поддршката“, напиша Фернандеш.

Неговата објава, наместо поддршка, предизвика бројни негативни реакции. Дел од навивачите на Роналдо го обвинија дека намерно одиграл под своето ниво и дека не му помогнал на капитенот во неговото последно Светско првенство.

Дополнителни реакции предизвика и потегот на сестрата на Роналдо, Катија Авеиро, која лајкуваше објава во која се критикуваат настапите на Фернандеш и се тврди дека португалските репрезентативци играле далеку под своите можности.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×