Не го забораваат Жота: Роналдо и Португалците му ја посветија победата на загинатиот соиграч (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Португалија со победата од 2-1 над Хрватска обезбеди место во осминафиналето на Светското првенство, а триумфот имаше и силна емотивна порака за португалските фудбалери.

Натпреварот се одигра на годишнината од смртта на Диого Жота, па по последниот судиски свиреж репрезентативците извадија дрес со неговиот број и му ја посветија победата на својот поранешен соиграч.

Капитенот Кристијано Роналдо не ги криеше емоциите по натпреварот.

Знаеме што значи овој датум за нас. Го знаеме тоа. Победивме за Жота, за нас, за Португалија“, изјави Роналдо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×