Брајтон го договори трансферот на Лука Вушковиќ од Тотнем, пренесува Фабрицио Романо. Англискиот премиерлигаш ќе плати околу 60 милиони евра, од кои 53 милиони се фиксно обештетување, а во договорот се вклучени и бонуси, како и процент од следна продажба.
Хрватскиот репрезентативец важи за еден од најталентираните млади стопери во Европа, а во Брајтон ќе пристигне како замена за Пол ван Хеке, кој во спротивна насока се пресели во Тотнем.
Во моментот Вушковиќ е со репрезентацијата на Хрватска на Светското првенство во САД, додека се очекува трансферот наскоро и официјално да биде потврден.
Младиот дефанзивец е производ на школата на Хајдук Сплит, по што настапуваше на позајмици во Радомиак, Вестерло и Хамбургер, пред да го обезбеди големиот трансфер во Премиер лигата.