Австрија одигра 3-3 против Алжир во исклучително драматичен меч, двете селекции се пласираа во елиминациската фаза, Аргентина го победи Јордан со 3-1, а Лео Меси даде уште еден гол.
Австријците поведоа во 28. минута со гол на Арнаутовиќ, пред крајот на првото полувреме Белгали изедначи на 1-1.
По десет минути игра во вториот дел, Сабицер реализираше за ново водство на Австрија, Марез во 60. минута израмни на 2-2.
Во судиското продолжение се случуваше вистинска драма. Најпрво Марез во 93. минута донесе водство на Алжир, а Калајџиќ во 96. минута израмни на 3-3. Резултат кој им одговараше и на двете селекции.
Меси влезе од клупата за резерви на мечот против Јордан, но пак постигна гол за Аргентина.
Аргентинците водеа со 2-0 по првите 45 минути, головите ги дадоа Ло Селсо и Лаутаро Мартинез.
На десет минути пред крајот Меси даде гол, негов шести на Мундијалот за конечни 3-1.
Аргентина со максимални девет бода го освои првото место, Австрија и Алжир имаат по четири, Јордан е елиминиран без освоен бод.