Навивач понуди 250.000 долари за да дојде до билет за Мундијалот (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Канадски навивач привлече внимание со својата понуда во пресрет на натпреварот на неговата репрезентација од Светското првенств.

Имено, тој се понуди да плати сума од 250.000 долари за да дојде до влезница од ВИП ложата на натпреварот во Ванкувер против Швајцарија кој се одигра вчера и во кој Швајцарците победија со 2-1.

Станува збор за Гургавин, инвеститор од Торонто кој на социјалните мрежи го следат повеќе од 500.000 луѓе.

„Итно! Дали некој продава ВИП ложа за натпреварот Канада – Швајцарија? Ќе платам 250.000 долари. Испратете ми приватна порака.“

Гургавин е познат како голем љубител на спортот и редовен посетител на натпреварите на кошаркарскиот клуб Торонто Репторс, каде често седи во првите редови. Според медиумските извештаи, само за сезонски билети знае да издвои и околу 60.000 долари.

На крајот успеал да обезбеди одлично место на стадионот, а на социјалните мрежи објави фотографија од првиот ред со порака:

„Морав да бидам во првиот ред. Напред, Канада!“

Сепак, не откри дали навистина платил 250.000 долари за само еден билет.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×