Додека Модриќ го чека дербито со Англија, Шукер најави негово сензационално враќање!

by Стефан
1 минути читање

Додека со хрватската репрезентација е на Светското првенство и се подготвува за вечерашниот дуел против Англија од 22 часот во рамките на првото коло од групната фаза, Лука Модриќ повторно е во центарот на вниманието поради неизвесноста околу неговата клупска иднина.

Поранешниот хрватски репрезентативец и легенда на националниот тим, Давор Шукер, во интервју за шпанска „Марка“ откри дека не ја исклучува можноста Модриќ повторно да биде дел од Реал Мадрид.

„Ме прашаа дали Лука ќе остане во Милано или ќе се врати во Мадрид. Моето чувство е дека нешто би можело да се случи со Реал“, изјави Шукер.

На дополнително прашање дали навистина очекува враќање на Модриќ во редовите на „кралскиот клуб“, Шукер беше краток, но јасен.

„Сигурен сум дека ова лето ќе се врати во Мадрид, но не знам во каква улога. Ќе треба да почекаме да заврши Светското првенство за да стане појасно што следува“, порача поранешниот голгетер.

Модриќ минатото лето се пресели во Милан, каде што потпиша едногодишен договор со можност за продолжување на соработката за уште една сезона, но засега не е познато дали таа опција ќе биде активирана.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×