229
Лео Меси имаше неверојатен старт на Мундијалот, Аргентина го победи Алжир со 3-0, а тој ги постигна сите три погодоци.
Меси шоу во Канзас Сити, немаше подобар начин за старт на Светското првенство, има 38 години, но уште е брилијантен.
Први на погодок се израдуваа Алжирците, во осмата минута гол даде Чаиби, но погодокот беше поништен поради офсад.
Десет минути подоцна започна серијата на Меси, со прекрасен шут од далечина погоди за водство на Аргентина од 1-0.
По 15 минути игра во вториот дел, Меси даде нов гол за водство од 2-0.
Хет-трикот го комплетираше во 76. минута кога ги постави конечните 3-0.