194
Попладнево се одржа и ждрепката за 1. коло од квалификациите во Конференциска Лига, Силекс за противник го доби Динамо Минска, додека пак Шкендија ќе игра против Европа од Гибралтар.
Силекс и Шкендија ги дознаа противниците во 1. коло од квалификациите во Конференциска Лига.
Денешната ждрепка во Нион ја спои екипата од Кратово со поранешниот шампион на Белорусија, Динамо Микс.
Вториот претставник на Македонија во ова натпреварување, Шкендија ќе ги одмери силите против Европа од Гибралтар.
Во двата случаи нашите клубови ќе бидат како гости на првиот натпревар, а реваншите ќе ги играат на домашен терен.
Првите мечеви се на програмата на 9. јули, додека пак реваншите се закажани за 16. јули.