Хрватска во тага: Ненадејно почина млад прволигашки футсал голман

by 24 фудбал
1 минути читање

Хрватскиот спорт е во жалост по трагичната вест за смртта на Петар Прце, голман на футсал клубот МНК Сквер, кој го загуби животот во сообраќајна несреќа во околината на Дубровник. Имаше само 22 години.

Прце беше стандарден член на тимот што настапува во елитното хрватско футсал првенство, а неговата прерана смрт предизвика шок и тага во спортската јавност.

Од МНК Сквер се простија од својот голман со емотивна порака, истакнувајќи дека не загубиле само одличен спортист, туку и голем пријател и незаменлив дел од клубот.

Постојат моменти кога спортот замолчува, кога натпреварите, бодовите и резултатите стануваат целосно неважни. Со прераното заминување на нашиот Петар загубивме многу повеќе од врвен голман“, порачаа од клубот.

Од младиот голман се простуваат бројни соиграчи, навивачи и спортски работници од Хрватска, кои преку пораки на сочувство му оддаваат последна почит.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×