„Кралевите“ и официјално го потврдија трансферот на Марк Кукуреља, левиот бек пристигнува на „Бернабеу“ од Челси во зделка вредна околу 55 милиони евра, плус додатни 5 милиони евра во бонуси.
Флорентино Перез се реши да инвестира околу 60 милиони евра во нов лев бек и покрај тоа што пред 12 месеци беа платени 50 милиони евра за ангажман на Алваро Карерас, плус „кралевите“ во своите редови веќе ги имаат Фран Гарсија и Ферланд Менди.
Трансферот на Марк Кукуреља беше реализиран експресно, „Реал Мадрид ја заврши целата операција во само два дена.
Првиот потег бил направен во петокот навечер кога била испратена првата конкретна понуда. Веќе следниот ден клучна улога одиграл Жозе Мурињо, кој лично разговарал со фудбалерот и го убедил да се приклучи на новиот проект на Реал Мадрид.
Шпанецот во неделата наутро го дал конечниот одговор, по што трансферот бил финализиран, а денеска пристигна и официјалното соопштение.
Така, Реал Мадрид успеа да го обезбеди потписот на еден од најбараните леви бекови на пазарот, интерес за неговите услуги пројавуваа и Атлетико Мадрид и Барселона.
Интересно е тоа што Марк Кукуреља е продукт на „Ла масиа“, но никогаш не доби вистинска шанса на Камп Ноу, „каталонците“ само го искористија за да си ги балансираат сметките.
👋 Welcome, @Cucurella3! 👋 pic.twitter.com/YppBdIys0Z
— Real Madrid C.F. 🇬🇧🇺🇸 (@realmadriden) June 15, 2026