Ибрахимовиќ нема дилеми: Хакими мораше да добие црвен картон (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Натпреварот меѓу Бразил и Мароко на Светското првенство, кој заврши без победник 1-1 е тема во јавноста и поради дуелот кој го имаа Хакими и Винисиус Жуниор.

Моментот се случи кога Хакими стартуваше врз бразилскиот напаѓач со отворен ѓон, а дел од аналитичарите и навивачите оценија дека станува збор за опасен прекршок кој директно ја загрозува безбедноста на противничкиот играч.

Сепак, словенечкиот судија Славко Винчиќ не покажа црвен картон, а ниту ВАР-собата не реагираше за да ја преиспита или промени одлуката на главниот арбитар.

Меѓу оние кои не се согласија со судиската проценка беше и поранешниот шведски репрезентативец Златан Ибрахимовиќ.

„Кога ја видов ситуацијата, мојата прва реакција беше дека судијата мораше да интервенира и да покаже црвен картон“, изјави Ибрахимовиќ.

Тој потенцираше дека при вакви стартови не смее да има простор за компромис, без разлика за кој играч станува збор или во која фаза од натпреварот се случил инцидентот.

„Не станува збор за репутација или за важноста на натпреварот, туку за безбедноста на играчите. Напаѓачот веќе го помина противникот, опасноста беше очигледна, а контактот дојде предоцна“, додаде Ибрахимовиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×