Египет принудно ги менува дресовите пред првиот настап на Мундијалот

by 24 фудбал
1 минути читање

Египет ќе настапи на Светското првенство со изменет изглед на дресовите, откако ФИФА наложила две корекции непосредно пред стартот на турнирот.

Најзабележителна е одлуката да бидат отстранети седумте ѕвезди над грбот на федерацијата, кои ги претставуваат освоените титули на Африканскиот куп на нации. Според правилата на ФИФА, на мундијалските дресови се дозволени само ѕвезди за светски титули.

Покрај тоа, Египет ќе мора да ги замени и препознатливите златни броеви со бели, со цел тие да бидат повидливи на теренот.

Селекцијата предводена од Мохамед Салах настапот на Мундијалот го отвора со дуел против Белгија, а во групата ќе игра и против Нов Зеланд и Иран.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×