Официјално: Жозе Мурињо три години во Реал Мадрид!

by 24 фудбал
1 минути читање

Реал Мадрид официјално го потврди враќањето на Жозе Мурињо на клупата на шпанскиот гигант, откако португалскиот стратег потпиша договор со „кралевите“ до 2029 година.

Мурињо ќе ја преземе екипата на 13 јули кога тимот ќе ги започне подготовките за новата сезона, а за неговиот ангажман мадридскиот клуб ја активираше откупната клаузула од 15 милиони евра која беше вклучена во неговиот договор со Бенфика. За 63 годишниот тренер ова ќе биде втор мандат на „Сантијаго Бернабеу“, откако претходно го водеше Реал Мадрид во периодот од 2010 до 2013 година.

Португалецот пристигнува од Бенфика, каде што не успеа да освои трофеј и сезоната ја заврши на третото место во португалското првенство, што значеше и неуспех во трката за пласман во Лигата на шампионите. Во својот втор престој во Бенфика, Мурињо оствари учинок од 27 победи, 10 ремија и 8 порази на вкупно 45 натпревари.

Сепак, тоа не ја намали довербата на претседателот Флорентино Перез, кој силно се залагаше за негово враќање. Мурињо дури беше дел и од изборната кампања на Перез во пресрет на претседателските избори во клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×