Португалија со победа ги заврши подготовките пред настапот на Светското првенство, откако во последниот пријателски натпревар славеше против Нигерија со 2-1.
Резултатот беше отворен во 23. минута, кога прецизен беше Педро Нето. Сепак, Нигеријците успеаја брзо да се вратат во игра и преку Акор Адамс во 37. минута го израмнија резултатот на 1-1, со што двете селекции заминаа на одмор без предност.
Решавачкиот момент се случи во второто полувреме. Франциско Консеисао во 75. минута ја затресе противничката мрежа и го постави конечниот резултат, носејќи ѝ триумф на Португалија во последната проверка пред почетокот на мундијалските возбудувања.
Капитенот Кристијано Роналдо настапи до 65. минута, а иако беше активен во нападот, не успеа да се запише меѓу стрелците, пропуштајќи неколку добри можности.
Ronaldo first half misses 😭😭😭😭😭
— Otiga (@Otti129) June 10, 2026
All these in just one half 😭 pic.twitter.com/3dOXPniK1k
POR DIOS EL PUSKAS QUE ACABA DE MARCAR CRISTIANO RONALDO
— maldidown (@maldiidown) June 10, 2026
41 AÑOS 🐐 pic.twitter.com/z60J6IoXTo
Победата изминатата вечер во својот последен подготвителен натпревар запиша и репрезентацијата на Англија која со 3-0 ја совлада Костарика, стрелци на головите беа Рајс, Гордон и Воткинс.