Јувентус го насочи вниманието кон Емилијано Мартинез откако стана јасно дека Алисон нема да го напушти Ливерпул во летниот преоден рок.
Италијанските медиуми пренесуваат дека клубот од Торино веќе воспоставил контакти со претставниците на аргентинскиот голман, додека паралелно се водат разговори и со Астон Вила околу можен трансфер.
Светскиот шампион и минатото лето беше поврзуван со заминување од Бирмингем, но на крајот остана во англискиот клуб. Сега повторно се наоѓа на листата на желби на неколку европски великани, а Јувентус е меѓу најзаинтересираните.
Сепак, потенцијален проблем за „старата дама“ може да биде фактот што следната сезона нема да настапува во Лигата на шампионите, додека Астон Вила обезбеди место во најелитното европско клупско натпреварување.