Додека неговите соиграчи се подготвуваат за настап на Светското првенство, Едуардо Камавинга одлучи слободното време да го искористи на поинаков начин.
Фудбалерот на Реал Мадрид не се најде на списокот на француската репрезентација за Мундијалот, па периодот без репрезентативни обврски го посвети на личен развој и едукација. Камавинга престојува на престижниот универзитет Харвард, каде што посетува курс во рамките на бизнис академијата.
„Неколку дена учење, слушање и развој. Благодарен сум на искуството од Харвард“, напиша францускиот репрезентативец на социјалните мрежи.
Со овој потег, младиот играч за врска покажа дека покрај фудбалската кариера размислува и за стекнување нови знаења надвор од теренот.