Како што пренесува „Марка“, Жозе Мурињо ја идентификувал одбраната на Реал Мадрид како најслаба точка, па затоа главниот фокус на трансфер пазарот ќе биде ставен на овој дел.
„Кралевите“ две сезони се без трофеј, тоа ги вклучи алармите, па ова лето ќе биде започнат нов проект.
Жозе Мурињо ќе ја добие довербата да донесе ред во соблекувалната и да ги постави новите темели за успех, а како што пренесува Марка, „специјалниот“ ја идентификувал одбраната како најслаба точка.
Во сезоната 2024/25 беа примени 84 голови на 68 натпревари, додека пак минатата сезона беа примени 64 гола на 56 меча, разочарувачки бројки кои мора да бидат коригирани.
Па затоа главниот фокус на трансфер пазарот ќе биде ставен на засилување на одбраната, веќе се договорени Ибрахима Конате и Дензел Дамфрис.
Сепак, Жозе Мурињо не застанува тука, бара уште еден квалитетен стопер и нов лев бек, или еден играч кој може да одигра на овие две позиции, профил како Јошко Гвардиол од Манчестер Сити или Рикардо Калафиори од Арсенал.
Идејата на „специјалниот“ е јасна, да изгради цврста одбрана како темел на тимот.