Новинарот Патрик Бергер вели дека Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид би можел да биде „галактико“ засилувањето на Флорентино Перез и Реал Мадрид.
Како дел од предизборните ветувања, Флорентино Перез најави дека ќе достави предлог тежок 150 милиони евра за ново „галактико“ засилување.
Изминативе денови медиумите пишуваа дека ова историска понуда ќе биде за еден од Мајкл Олисе, Витиња или Жоао Невеш.
Но новинарот Патрик Бергер има поинаква информација, тој вели дека трансфер цел ќе биде Хулијан Алварез.
Со ваков потег, Флорентино Перез сака да им зададе голем удар на двата најголеми конкуренти на Шпанија.
Од една страна ќе се ослаби градскиот ривал Атлетико, а од друга ќе се спречи вечниот ривал Барселона да стигне до потписот на Аргентинецот.
Патрик Бергер додава дека „кралевите“ веќе прибрале инормации за Хулијан Алварез и се импресионирани од неговиот профил, но во моментов не се започнати конкретни преговори и зделката е само во почетна фаза.
Интересно е тоа што Хулијан Алварез, уште како дете, во 2011 бил на проба во Реал Мадрид.