Паника меѓу Швајцарците: Опколени се со опасни змии!

by Стефан
1 минути читање

Репрезентацијата на Швајцарија се подготвува за настапот на Светското првенство, но покрај фудбалските предизвици, фудбалерите се соочуваат и со еден необичен проблем.

Фудбалскиот сојуз на Швајцарија испрати предупредување до навивачите и членовите на националниот тим дека околината на тренинг-центарот во близина на Сан Диего е населена со голем број отровни змии.

Поради потенцијалната опасност, на мапата на тренинг-комплексот е означена посебна црвена зона во која движењето и пристапот се строго забранети. Од Сојузот апелираат сите да ги почитуваат безбедносните препораки за да се избегнат несакани инциденти за време на подготовките.

Според информациите на медиумите, тие дури размислувале и за промена на тренинг-кампот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×