Перез убедливо води и е пред нов претседателски мандат во Реал!

by 24 фудбал
1 минути читање

Реал Мадрид одржа избори за претседателското место, а во трката се Флорентино Перез и Енрике Рикелме.

Вечерва ќе биде познат исходот од претседателските избори во Реал Мадрид, откако клубот официјално соопшти дека гласањето ќе заврши во 20:00 часот по шпанско време. Според најавите, конечните резултати и името на победникот ќе бидат објавени меѓу 20:30 и 22:00 часот, кога ќе стане јасно кој ќе го предводи „кралскиот клуб“ во следниот период.

Шпанските медиуми пренесуваат дека актуелниот претседател Флорентино Перез во моментов има огромна предност и е близу до нов мандат на чело на Реал Мадрид.

Перез веќе со години е една од највлијателните фигури во светскиот фудбал, а под негово водство мадридскиот гигант освои бројни домашни и европски трофеи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×