Чалханоглу минатото лето молеше за трансфер во Галатасарај, сега дал збор за преселба во лутиот ривал

by bojan
1 минути читање

Хакан Чалханоглу и ова лето на агендата има преселба во Турција, сега се најавува како едно од засилувањата на Хакан Сафи, кој е кандидат за претседател на Фенербахче.

Минатото лето, Хакан Чалханоглу го молеше Интер за трансфер во Галатасарај, „нероаѕурите“ сепак не сакаа да направат никакви отстапки, поставија цена од 30-40 милиони евра, па зделката не се реализираше.

Фудбалерот од средниот ред сега повторно се поврзува со преселба во Турција, но последните информации велат дека тој дал збор за трансфер во лутиот ривал Фенербахче.

Хакан Сафи, кој е кандидат за претседател на Фенербахче, порача дека има договор со Хакан Чалханоглу да биде едно од неколкуте големи засилувања (заедно со Луис Суарез од Спортинг, Мејсон Гринвуд од Марсеј и Мерих Демирал од Ал Ахли).

Ова меѓу редови беше потврдено и од агентот на Хакан Чалханоглу, кој рече: „Изминативе денови имав неколку дискусии со Хакан Сафи, се сретнавме и лично. Долго време сме пријатели и меѓу нас постои голема доверба. Разговаравме за повеќе прашања и за неколку играчи, еден особено беше во фокусот. Ако Сафи победи на претстојните избори, начелно постигнавме договор за еден моите најважни играчи“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×