Проблеми за Скалони и Аргентина, стандарден репрезентативец е принуден да се повлече од СП

by bojan
1 минути читање

Од таборот на „гаучосите“ попладнево брилираат дека дефанзивецот Леонардо Балерди заработил повреда на последниот тренинг и ќе мора да го пропушти мундијалот во САД.

Проблеми за Лионел Скалони и Аргентина, ќе мораат да прават промени во составот на неколку дена пред почетокот на Светското првенство.

Попладнево „гаучосите“ објавија дека на последниот тренинг повреда заработил Леонардо Балерди, стандарден репрезентативец во последните неколку години.

Тој се очекува да паузира околу три недели и би можел да се врати за третото коло и натпреварот против Јордан, но лекарскиот тим на Аргентина оценил дека играчот на Марсеј тешко може да се врати во натпреварувачка форма потребна за Светско првенство, па нема да ризикуваат и Леонардо Балерди ќе го пропушти мундијалот во САД.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×