Марсело Брозовиќ е пред враќање во Европа

by 24 фудбал
1 минути читање

Марсело Брозовиќ би можел да се врати во европскиот фудбал ова лето, а најсериозен интерес за негов ангажман покажува турски Бешикташ.

Според медиумите од Турција и Саудиска Арабија, преговорите меѓу хрватскиот репрезентативец и Ал Наср за продолжување на соработката не дале резултат, па разделбата е сè поизвесна.

Бешикташ сака да формира искусен тим за напад на титулата во Турција, а Брозовиќ е една од главните желби на раководството. Дополнителен мотив за турскиот клуб е фактот што играчот би можел да пристигне без обештетување.

Договорот на Брозовиќ со Ал Наср истекува на 30 јуни, а доколку не дојде до пресврт во преговорите, тој ќе стане слободен агент и ќе може да избере нова средина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×