173
Женската репрезентација на Македонија продолжува со добри резултати во квалификациите од Лига Ц за Светското првенство, откако славеше и на гостувањето кај Андора со 0-1.
Избраничките на селекторот долго време се мачеа да го скршат отпорот на домаќинот, но решението пристигна во самиот финиш. Во 86 минута, Павлина Николовска постигна ефектен погодок од слободен удар од голема далечина и донесе нови три бода.
Ова е втора победа за Македонија против Андора во овие квалификации, со што нашите девојки го задржуваат позитивниот ритам.