Дарко Чурлинов остана без клуб

by Стефан
1 минути читање

Турскиот суперлигаш Кочаелиспор започна со реконструкција на тимот пред новата сезона, а меѓу фудбалерите кои ќе го напуштат клубот е и македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов.

Раководството на клубот официјално соопшти дека дури десет играчи нема да бидат дел од составот за сезоната 2026/27, во рамки на најавените промени во играчкиот кадар.

Меѓу имињата кои се најдоа на листата за заминување е и Чурлинов, кој во изминатиот период настапуваше за зелено-црните како еден од странските фудбалери во тимот. Македонскиот крилен напаѓач забележа 12 настапи во дресот на Кочаелиспор, но неговата етапа во клубот завршува по одлуката на раководството да освежи дел од составот.

Покрај Чурлинов, клубот се разделува и со Ахмет Сагат, Ахмет Огуз, Гокхан Дегирменџи, Фуркан Гедик, Мухарем Џинан, Сердар Дурсун, Џан Келеш, Александар Јовановиќ и Карол Линети.

Дваесет и петгодишниот македонски репрезентативец пристигна во Кочаелиспор од полската Јагјелонија, а во својата кариера настапуваше и за Шалке 04, Барнли, Штутгарт и Келн. Во националниот дрес на Македонија има 33 настапи и четири постигнати голови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×