51
ФИФА денеска претстави нов формат на церемонијата пред почетокот на натпреварите на Светското првенство.
Кога ќе се интонираат химните, фудбалерите веќе нема да стојат во две паралелни линии како досега.
Наместо тоа, двете репрезентации заедно со резервните играчи, ќе стојат во полукругови околу центарот на игралиштето.
Во текот на таа церемонија ќе бидат развиорените две огромни знамиња на земјите кои ќе настапуваат.