Учителот од Ла Масија е нов тренер на Баер Леверкузен

by 24 фудбал
1 минути читање

Баер Леверкузен и официјално го претстави Карлес Мартинез Новел како нов предводник на првиот тим. Шпанскиот стратег ќе ја преземе функцијата од 1 јули и потпиша договор со германскиот клуб до летото 2028 година.

42 годишниот тренер пристигнува од Тулуз, каде што работеше во изминатите три сезони, а претходно остави значаен белег и во прочуената академија „Ла Масија“. Во текот на својот престој во Барселона учествуваше во развојот на таленти како Гави, Ансу Фати и Чави Симонс.

Во Леверкузен тој го наследува Каспер Хјулманд, кој седна на клупата на Баер во септември минатата година. Од клубот му се заблагодарија на Данецот за ангажманот и резултатите во Купот на Германија и Лигата на шампионите.

Баер ја заврши минатата сезона на шестата позиција во Бундеслигата и во новата кампања ќе настапува во Лигата на Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×