35
Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, и во наредните две сезони ќе брани за Валенсија, шпанскиот клуб денеска и официјално го објави тоа.
Минатите денови излегоа гласини дека Валенсија ќе ја активира клаузулата за продолжување на договорот на Димитриевски, тоа и се случи.
„Валенсија го активираше продолжувањето на Столе Димитриевски за уште две сезони, македонскиот голман ќе остане во клубот до јуни 2026 година“, стои во соопштението на Валенсија.
Според шпанските медиуми, со активирањето на клаузулата за продолжување на договорот, Димитриевски ќе доби и бонус од 500.000 евра.
COMUNICADO OFICIAL | @Dimitrievski1#Dimitrievski2028#ADNVCF
— Valencia CF (@valenciacf) June 4, 2026