Трансфер бомбата на Енрике Рикелме е Ерлинг Халанд, но…

by bojan
1 минути читање

Енрике Рикелме вети дека ќе го донесе Ерлинг Халанд во Реал Мадрид доколку победи на претседателските избори, потпиша и документ како гаранција, но веднаш пристигна демант од таборот на Норвежанецот.

Енрике Рикелме вчера попладнето вети трансфер бомба доколку седне во претседателската фотеља, а доцна вечерта го откри и името на ѕвезденото засилување – Ерлинг Халанд од Манчестер Сити.

Во емисијата „Ел Хормигеро“ тој извади дрес од Реал Мадрид на кој стоеше презимето на Норвежанецот и бројот 9.

Тој исто така презентираше и документ, потпишан на нотар, во кој стои дека од сопствен џеб ќе ја покрие годишната членарина на сите членови на Реал Мадрид, доколку не го исполни ветувањето.

Сепак, неколку часа подоцна, таткото на напаѓачот, Алфи Халанд и неговиот агент, Рафаела Пимента, испратија кратко соопштение: „Сето ова е многу забавно, но не и вистинито. На двајцата кандидати им посакуваме се најдобро“.

Но луѓето кои работат на кандидатурата на Енрике Рикелме појаснуваат дека тој никогаш не кажал дека Ерлинг Халанд веќе потпишал, туку дека напаѓачот ќе игра за Реал Мадрид.

Весникот Ел Мундо вели дека бизнисменот со години ја подготвувал можноста за трансфер на Ерлинг Халанд, а минатата недела ги интензивирал преговорите на средба во Марбеља со таткото на играчот.

Наводно, токму оваа средба била клучна за поставување на теми за иден договор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×