Енрике Рикелме, противкандидатот на Флорентино Перез, најави дека вечерва ќе соопшти ѕвездено засилување за Реал Мадрид, ќе потпише и документи со кои ќе гарантира за зделката.
Се вжештува трката за претседателската фотеља на „кралевите“, откако Флорентино Перез најави дека утре ќе открие едно засилување (се верува дека тоа ќе биде Дензел Дамфрис од Интер, иако има и договор со Ибрахима Конате), одговор стигна и од неговиот противкандидат.
Бизнисменот Енрике Рикеле најави трансфер бомба за вечерва.
„Вечерва ќе соопштам ѕвездено засилување“ – порача Енрике Рикелме, кој исто така изјави дека ќе потпише документи со кои ќе гарантира за зделката.
Во моментов не е познато за кое име станува збор, претходно се шпекулираше дека Енрике Рикелме го сака Ерлинг Халанд, но тешко дека еден ваков трансфер би можел да биде најавен на ваков начин, со оглед на тоа дека Манчестер Сити не е клуб кој лесно продава.