Далиќ го објави конечниот список: Модриќ ќе ја предводи Хрватска на Светското првенство

by 24 фудбал
1 минути читање

Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ, го соопшти конечниот список на фудбалери за претстојното Светско првенство, а на него нема никакви изненадувања во однос на претходно објавениот поширок состав. Искусниот стратег реши довербата да им ја даде на играчите кои беа дел од квалификацискиот циклус и подготовките, па „коцкестите“ на Мундијалот ќе настапат во најсилен состав.

Очекувано, капитенот Лука Модриќ ќе биде главната фигура во тимот, а значајна улога се очекува да имаат и Јошко Гвардиол, Матео Ковачиќ, Иван Перишиќ и Андреј Крамариќ. Хрватска повторно ќе атакува на висок пласман на најголемата светска сцена, откако на последните две светски првенства освои сребрен и бронзен медал.

Во групата Л, избраниците на Далиќ ќе се соочат со Англија, Гана и Панама во битката за место во нокаут фазата.

Список на Хрватска за Светското првенство:

Голмани: Доминик Ливаковиќ, Доминик Котарски, Ивор Пандур.

Одбрана: Јошко Гвардиол, Дује Ќалета Цар, Јосип Шутало, Јосип Станишиќ, Марин Понграчиќ, Кристијан Јакиќ, Мартин Ерлиќ, Лука Вушковиќ.

Среден ред: Лука Модриќ, Матео Ковачиќ, Марио Пашалиќ, Никола Влашиќ, Лука Сучиќ, Мартин Батурина, Петар Сучиќ, Никола Моро, Тони Фрук.

Напад: Иван Перишиќ, Андреј Крамариќ, Анте Будимир, Марко Пашалиќ, Петар Муса, Игор Мартиновиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×