Пелистер по поразот од Шкендија остана без комплетно раководство!

by Стефан
1 минути читање

По денешниот пораз и испаѓањето од Првата македонска фудбалска лига, раководството на ФК Пелистер најави колективно повлекување од функциите, преземајќи морална одговорност за неуспехот на клубот.

Од битолскиот клуб информираа дека претседателот, целокупната управувачка структура, техничкиот директор и целиот стручен штаб ќе поднесат оставки до градоначалникот на Општина Битола.

„Во изминатиот период беа преземени бројни активности и направени значителни напори за зајакнување на клубот и обезбедување на негов опстанок во Првата лига, но очигледно вложеното не беше доволно за постигнување на посакуваните резултати“, соопштија од клубот.

Покрај оставките, досегашното раководство бара и целосна ревизија на работењето на клубот, со цел да се отстранат сите сомнежи во јавноста за евентуални злоупотреби на финансиски средства и да се потврди нивното наменско и транспарентно трошење.

Од Пелистер посочуваат дека со овој потег се презема одговорност за резултатите, но и се отвора простор за темелна анализа на досегашното функционирање на клубот и носење нови одлуки во интерес на идниот развој и враќање на Пелистер на посакуваното ниво.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×