Илјадници навивачи на Арсенал славеа во Лондон по поразот од ПСЖ (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Илјадници приврзаници на Арсенал денеска ги преплавија улиците во северен Лондон за да ја прослават долгоочекуваната титула во Премиер лигата, прва за клубот по цели 22 години.

Свечената парада започна во 14 часот, кога фудбалерите и членовите на стручниот штаб на отворени автобуси поминаа низ делови од северен Лондон, поздравувани од огромен број навивачи. Многумина од нив уште од раните утрински часови зазедоа позиции покрај трасата, зад заштитните огради поставени неколку дена претходно.

На славеничката манифестација се приклучил и женскиот состав на Арсенал, кој годинава испиша историја со освојувањето на титулата во Женската Лига на шампиони.

Прославата следува само еден ден по драматичното финале во Лигата на шампионите, во кое Арсенал остана без европската круна, откако беше поразен од ПСЖ по изведување пенали

Можно е и ова да ти се допаѓа

×