Шоу на социјалните мрежи: Атлетико брутално одговори на Барселона за Алварез!

by Стефан
1 минути читање

Ако некој мислеше дека трансфер-сагите во модерниот фудбал станале предвидливи и здодевни, луѓето во Атлетико Мадрид сега направија вистинско шоу.

Наместо класично соопштение или како што најчесто се случува да не коментираат ништо за гласините кои го поврзуваат Алварез со Барселона тие се одлучија да возвратат на саркастичен начин.

Се започна со објава во стилот на познатиот инсајдер Фабрицио Романо со фотографија од Јамал во дресот на Атлетико.

„Here we go Испративме факс до Барселона со нашата понуда за трансфер: четири билети за утрешниот концерт на „Bad Bunny“, годишна претплата на весникот „АБЦ“ и кеса сончоглед. Со нетрпение го очекуваме одговорот за да ја подготвиме официјалната објава“, стоеше во објавата на Атлетико.

Подоцна клубот преку Инстаграм испрати и дополнителна порака до навивачите:

„Живееме во време кога реалноста може да се измени. Не верувајте на сè што гледате, особено ако е поврзано со Барса.“

Исто така тие објавија и слични фотографии од Педри и Рафиња.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×